Ердоган: Целта е Турција да биде енергетски независна

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека земјата е на пат да стане енергетски независна.

„Одлучно и храбро спроведуваме чекори кои ќе ја гарантираат енергетската безбедност на Турција. Нашата најважна цел е да постигнеме целосна енергетска независност“, рече Ердоган, пренесе Анадолија.

Тој додаде дека дневното производство на нафтениот извор, на планината Габар на југоистокот од земјата, надминало 35.000 барели.

„Покрај тоа, тој број се зголемува од ден на ден. Нашата цел е да го зголемиме дневното производство во Габар на 100.000 барели до крајот на 2024 година. Како што темната сенка на тероризмот се повлекува од нашиот регион на источна и југоисточна Анадолија, ќе најдеме многу повеќе, ако даде Господ“, рече Ердоган.

На крајот на 2022 година, Ердоган рече дека Турција открила 150 милиони барели нето резерви на нафта на планината Габар на југоистокот на земјата, во вредност од 12 милијарди долари.


Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.