Есенска диета со супа од тиква

Искористете ја предноста на сезоната на тикви и користете ја во облик на супа, како главен оброк за појадок, ручек или вечера.
За време на диетата може да користите свеж зеленчук како грицки или како ужина и задолжително треба да пиете 2 литри вода дневно.
Рецептот за супата, која е вашето единствено главно јадење, е следниов:
Потребни состојки:
2 јаболка
450g зеленчук по желба
1kg тиква
1 главица кромид, средна големина
2 лажици билно масло
Малку павлака за готвење со ниска масленост
Зачини по желба


Подготовка:
Излупете ги јаболката, отстранете ги семките и исечете ги на парчиња. Истото направете го и со тиквата.
Во големо тенџере ставете ги двете лажици масло и на нив пропржете го кромидот. Врз него додајте го зеленчукот и овошјето, зачинете и ставете 2 чаши вода.
Смесата треба да зовре, па потоа на умерена температура варете уште 20-25 минути со постојано мешање.
Меко сварениот зеленчук ставете го во блендер.
Добиеното пире вратете го во садот за варење, ставете малку павлака за готвење и проварете неколку минути со постојано мешање.
Супата може да ја консумирате кога сакате, во колкава количина и да сакате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.