Естонскиот премиер се закани: Ќе направиме „сѐ што е можно“ да ја фрлиме Русија на колена

Естонија ќе направи „сѐ што е можно“ за да ја фрли Русија на колена, изјави естонскиот претседател Алар Карис за финскиот весник „Yle“.
Тој нагласи дека „сега најважно е да се запре руската воена машинерија“, истакнувајќи дека само така можат да започнат сериозни разговори за ставање крај на украинскиот конфликт.
На прашањето за потенцијалното испраќање на естонската армија во Украина, Карис одговори дека не може да носи такви одлуки и додаде дека тоа не може да го направи ниту владата на земјата, бидејќи „парламентот одлучува за испраќање војска“.
Според него, Украина „засега не гледа потреба од тоа“.

Во врска со ова, Карис заклучи дека на украинската армија сега не ѝ треба војска од Запад, туку оружје.
По изјавата на Карис, одговори и официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
“И како? Нека покаже“, изјавила Захарова кратко за Спутник.

Пронајдете не на следниве мрежи: