Естрадата и семејството се простуваат од загинатите Ристе и Адам Велкови

Македонската јавност и социјалните мрежи се преплавени со изрази на сочувство, болка и неверување по страшната сообраќајна несреќа во која животот го загубија неколку лица, меѓу кои и познатиот оперски пејач Ристе Велков.

Преку објави на блиски роднини и колеги од естрадата, излегоа нови детали кои потврдуваат дека во трагедијата згаснал и животот на неговиот малолетен син Адам.

Таткото и синот заедно заминаа во вечноста, а семејството и пријателите се простуваат од нив со потресни пораки.

„Мојот сакан внук Riste Velkov и неговиот син, мој помал внук Адам Велков. Мили мои, нека ви е светол патот кон вечноста“, напиша нивната блиска роднина Викторија Велкова.


Голем број соработници од музичката сцена изразија сочувство до скршените семејства кои во еден ден изгубија свои најблиски.

Пејачката Тина Алексовска сподели емотивен статус во кој ја опиша големата тага што го погоди Скопје по оваа црна вест.

„Македонија е многу тажна држава. Многу тажна. Мала држава во која секој со секого се познава. Мојата работа, пеењето е преубава работа. Јас мислам цело Скопје го познавам, се радувам на сите ваши среќни моменти, но и жалам со сите бидејќи сите ве чувствувам блиски… Денес и небото тагува со вас. Во црно се завија неколку фамилии, загинаа недолжни луѓе, прекинаа сонови за убава иднина… Фамилија Велкови Riste Velkov сочуство за сопругот, таткото, синот, братот, внукот…“, напиша Алексовска, упатувајќи сочувство и до семејството Миланови за загубата на нивниот син.


Од оперскиот првенец се простуваат и неговите врсници и соученици, кои го паметат како извонреден човек и уметник.

„Pocivajte vo mir skolski Riste Velkov ahhh kakov covek, socuvstvo do semejstvata“, објави Боби Спасенцовски.

Пронајдете не на следниве мрежи: