Етерично масло од цитрон – сојузник во борбата против килограмите

Ако ви е преку глава од сите диети и изгладнување, етеричното масло од цитрон може да биде моќно оружје во вашата битка за намалување на килограмите.
Произведено од кора од цитрон, ова масло има големо влијание со само неколку капки.
Кои се предностите на есенцијалното масло од цитрон?
Го стабилизира шеќерот во крвта
Истражувањата покажуваат дека магичниот цитрон има фитохемиски соединенија кои можат да го намалат нивото на инсулин. Кога нивоата на инсулин се пониски, вашето тело ќе биде посклоно да користи храна за енергија, наместо да го складира како маснотии.


Го зајакнува метаболизмот
Цитронот содржи ензими кои го забрзуваат метаболизмот и го намалуваат апетитот. Значи, не само што вашето тело ќе изгори повеќе калории, ќе биде и помалку гладно во целиот овој процес.
На крајот на краиштата, губењето на вишокот килограми е токму тоа – согорување на повеќе енергија (калории) отколку што консумирате. Кога ќе го креирате овој дефицит, вашето тело природно почнува да се ослободува од вишокот.
Ја намалува потребата за шеќер и го топи целулитот
Маслото од цитрон е познато по својата супер способност да ја намали, па дури и целосно да ја елиминира потребата за шеќер. Тоа е одличен диуретик и лимфен стимуланс.
Вашиот лимфен систем е мрежата на ткива и органи кои го ослободуваат вашето тело од отпад и токсини. Кога се применува локално на кожата во мали количини, етеричното масло од цитрон не само што може да го поттикнува вашето тело да го исфрли вишокот на вода, туку му помага и да ги исфрли токсините надвор.


Многу анти-целулитни креми вклучуваат етерично масло од цитрон како состојка. Тоа прави детоксикација на кожата и ја зголемува циркулацијата.
Како да се користи етерично масло од цитрон за губење на тежината?
Инхалирајте го: Помирисајте го маслото секогаш кога ќе почувствувате дека ви треба шеќер.
Пијте го: Додајте неколку капки во вашата вода или чај. Етеричните масла треба да се додаваат само во течност што стои во стаклен сад. Никогаш не додавајте етерично масло во пластични шишиња за вода бидејќи кородира и реагира со пластика.
Масирајте се: Измешајте неколку капки етерично масло од цитрон со кокосово масло, маслиново масло или друго масло за масажа. Втријте го во зглобовите, вратот или градите или на места што сакате да ги зацврстите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.