Американецот Нејт Роум од Марлборо во државата Масачусец како и секој ден заминал на работа, а кога се вратил имал што да види. Некој влегол во неговата куќа и му ја исчистил. Уште при самото влегување почувствувал мирис на средства за чистење, а кога влегол во тоалетот забележал дека некој направил рози од тоалетна хартија.
– Кога влегов, видов дека нешто не е во ред, па почнав да разгледувам низ куќата, и сфатив дека мојата бања е чиста.
Полицијата потврдила дека на 16-ти мај човекот ги повикал за да пријави дека некој му влегол дома. Тој им кажал дека се вратил дома ноќта од работа и забележал дека некој бил во неговата куќа. Но, ништо не исчезнало.
Собите во куќата биле исчистени, а кеса со отпад била оставена на задниот влез. Полицијата разговарала со соседите, но никој не забележал нешто сомнително, па така нема осомничени.
По првичниот шок Нејт Роум забележал дека единствена просторија која не го дочекала добро исчистена била кујната, најверојатно затоа што таму лежело неговото домашно милениче, големиот питон.