ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации – кој ќе се најде во тој избор?

Eвропската Унија(ЕУ) воведува заедничка листа на „безбедни земји на потекло“ заради побрзи депортации.

Преговарачите на Европската Унија денеска постигнаа договор за забрзување на депортацијата на лица чии барања за азил се одбиени, преку воспоставување на прва заедничка листа на таканаречени „безбедни земји на потекло“.

Според компромисот постигнат меѓу владите на земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент, на листата треба да се најдат следните држави: Мароко, Тунис, Египет, Косово, Колумбија, Индија и Бангладеш.

Дополнително, како општ принцип, земјите кои се кандидати за членство во Европската Унија, ќе се сметаат за безбедни. Ова може да ги опфати, меѓу другите, Албанија, Црна Гора и Турција, јави ДПА.

Сепак, можни се исклучоци, на пример доколку Европската Унија вовела санкции кон одредена земја или доколку таму избие вооружен конфликт.

Листата може дополнително да се проширува во иднина, соопшти Европскиот парламент.

Пронајдете не на следниве мрежи: