ЕУ одблиску го следи изборниот процес, очекува напредок во европскиот пат

Европската унија одблизу ќе го следи изборниот процес во Македонија. Веруваме дека сите политички сили во земјата ќе го поддржат напредокот на земјата на европскиот пат. Ова го порача портпаролката на Европската комисија за соседска политика и проширување, Ана Писонеро, коментирајќи ги претстојните двојни избори.„Одблиску го следиме изборниот процес. Европскиот совет укажа на тоа што очекува и очигледно од наша страна ние потполно и јасно ја поддржуваме европската перспектива за прием на Северна Македонија. Очекуваме дека ќе бидеме во можност да ги отвориме преговорите за пристапување што е можно поскоро. Како што знаете земјата е посветена на измени на Уставот и од наша гледна точка ние веруваме дека политичките сили ќе се фокусираат на придвижувањето на патот на Северна Македонија кон Европската унија“, изјави Писонеро.Се надевам дека Македонија и Албанија ќе можат да ги отворат преговорите по првиот кластер, основни права, што е можно поскоро, вели Писонеро. Додава дека одлуката за тоа кога ќе се свикаат следните меѓувладини конференции сега е во рацете на земјите-членки.Во меѓувреме, советот на ЕУ ја одобри регулативата за Планот за раст на Западен Балкан, вреден 6 милијарди евра. За да се добијат парите, земјите-кандидатки треба да подготват реформска агенда.

Пронајдете не на следниве мрежи: