ЕУ се подготвува за воено сценарио: Ја презентира Стратегијата за подготвеност, секој граѓанин мора да има храна 72 часа: „Најкритичниот период е почетниот период“

Европската комисија денеска претстави Стратегија за подготвеност според која секој граѓанин на Европската унија во случај на криза мора да биде опремен со храна и основни потреби најмалку 72 часа, пишува денеска порталот Политико.„Во случај на сериозни нарушувања, почетниот период е најкритичен“, се наведува во документот, кој го видел Политико, и предвидува сценарија како што се војна, сајбер напади, заразни болести и поплави предизвикани од климатските промени.Заменик-претседателката на Европската комисија Роксана Минзату денеска ја претстави стратегијата, а таа за Политико изјави дека „покривот се поправа додека грее сонце“.Комисијата сака да им помогне на граѓаните, на ниво на секое домаќинство, рече Роксана Минзату, објаснувајќи дека стратегијата треба да помогне да се создаде безбедна и издржлива ЕУ, која ќе има капацитет да предвиди и да управува со заканите и кризите, без оглед на нивната причина или извор.Како дел од овој план, на земјите-членки ќе им бидат дадени препораки за тоа како да планираат итни случаи, да складираат основни резерви, да обезбедат засолништа и да ја заштитат критичната инфраструктура.

Пронајдете не на следниве мрежи: