ЕУ ја осудува израелската колонизација на Ерусалим и препорачува финансиски санкции

Европската унија ја осудува израелската колонизација на источен Ерусалим, сметајќи дека таа претставува закана за решавањето на израелско-палестинскиот судир кое предвидува создавање две држави – израелска и палестинска, и им препорачува на земјите членки да оневозможат финансиски трансакции поврзани со изградната на еврејските населби.

 Ова го јави во средата AFP повикувајќи се на извештајот, во кој имала увид, на шефовите нам исиите на земјите од Европската унија во Ерусалим.
„Доколку се продолжи со практикувањето на досегашната израелска политика, особено што се однесува на колонизацијата, перспективата на Ерусалим како иден главен град на двете држави Израел и Палестина, ќе стане практички неспроведлива, се наведува во извештајот кој израелската колонизација на источен Ерусалим го опишува како „најголема закана за решението со две држави”.
„За да се оствари решението со две држави, Ерусалим мора да стане идниот главен град на двете држави, Израел и Палестина”, тврдат шефовите на мисите земјите членки на ЕУ во извештајот, притоа изразувајќи жалење „што Израел продолжува активно да спроведува илегално анектирање на источен Ерусалим”.
Документот изрично да истакнува колонизацијата на јужниот дел на Ерусалим поради што би можела да се создаде „ефикасна тампон зона меѓу источен Ерусалим и Витлеем, до крајот на 2013 година)”.
Во извештајот им се предлага на земјите членки на Европската унија да ги „ спречат финансиските трансакции, да не ги поттикнуваат и да известат за нивните проблематични последици, вклучувајќи го и на што се донесува на директните странски вложувања во работи, инфраструктура и услуги во еврејските населби”, коишто ЕУ ги карактеризира како нелегални населби на окупирани палестински области.
Во извештајот испратен во Брисел, шефовите на мисиите предлагаат „јакнење на напорите на ЕУ против колонизацијата на источен Ерусалим”.
Се истакнува, исто така, дека иако Палестинците сочинуваат 37 отсто од населението на Ерусалим, градските власти не издвојуваат повеќе од 10 отсто од вкупниот буџет за палестинските зони од градот.
Израел Ерусалим го смета за своја „обединета и неделива” историска престолнина. Меѓународната заедница не го признава анектирањето на источниот дел од градот, што Израел го спроведе по војната во 1967 година, а во кој живеат околу 200 илјади Израелци во квартовите што ги колонизираше израелската држава. Палестинците сакаат сточен Ерусалим да биде главниот град на нивната идна држава.
„Мисијата на дипломатијата е да гради мостови, а не да ги охрабрува судирите. Овие конзули не успеаја во својата дипломатска мисија”, изјави портпаролот на израелското министерство за надворешни работи Југал Памор за AFP реагирајќи на извештајот.
Макфакс
Европската унија ја осудува израелската колонизација на источен Ерусалим, сметајќи дека таа претставува закана за реша

Пронајдете не на следниве мрежи: