петок, 27 ноември 2026
Најново

ЕХФ иницираше постапка против Алкалоид и АЕК, побара дополнителни изјави од клубовите.

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од ЕХФ информираат дека бараат изјави од двата клуба, ќе ги разгледаат сите детали, па ќе решат.
„Европската ракометна федерација во вторник ги предаде сите информации што ги поседува на своите правни тела и побара почнување на судски постапки против клубовите РК Алкалоид и АЕК Атина. Овој чекор беше преземен откако реваншот од финалето на Европскиот куп за мажи на ЕХФ помеѓу двата клуба во недела на 25 мај, беше откажан. Информациите што ЕХФ ги достави до судските тела, меѓу другото, се однесуваат на дистрибуцијата на билети на гостинските навивачи од страна на Алкалоид во пресрет на натпреварот, како и на одбивањето на АЕК да влезе на теренот за стартот на натпреварот. Од двете екипи е побарано да ги достават своите изјави, односно информации од нивна страна, за да бидат разгледани од судските тела. Понатамошна комуникација ќе биде обезбедена само откако ќе се донесе конечна одлука“, соопшти ЕХФ.

Поврзани вести