Тело на жена (42), со страшни повреди во пределот на главата, е пронајдено во понеделникот во куќа во село во близина на романскиот град Манзати, и маж (43), со кого жртвата наводно била во тајнa љубовна врска, е осомничен за убиство.
Локалните медиуми јавуваат дека брутално била убиена Кристина, мајка на 22-годишна девојка, која наводно по расправијата со сопругот Џорџ истрчала во прегратките на својот љубовник.
- Форумот за образовни промени поднесе тужба против МОН: Студентскиот оброк не е прашање на милостФорумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе тужба против Министерството за образование… Read more: Форумот за образовни промени поднесе тужба против МОН: Студентскиот оброк не е прашање на милост
- Дали знаете што е „теорија на кутии“? Трендот во машко-женските односи ги запали мрежитеПопуларната „теорија на кутија“ тврди дека мажите ја сместуваат жената во одредена… Read more: Дали знаете што е „теорија на кутии“? Трендот во машко-женските односи ги запали мрежите
- (Видео) Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ, кога нема одговори за „Алта банка“, се заканува на СДСММицкоски го копира Вучиќ, и кога нема одговори за „Алта банка“, се… Read more: (Видео) Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ, кога нема одговори за „Алта банка“, се заканува на СДСМ
- Велешанецот со „кубанската вакцина“ добил забрана за напуштање на живеалиштетоЧетириесет и седумгодишниот М.А. од Велес, добил дополнителни мерки за претпазливост –… Read more: Велешанецот со „кубанската вакцина“ добил забрана за напуштање на живеалиштето
- Судот во Луксембург пресуди во корист на руската компанијаАдминистративниот суд во Луксембург ја поништи одлуката на тамошното Министерство за финансии,… Read more: Судот во Луксембург пресуди во корист на руската компанија
Во неделата вечерта Кристина и нејзиниот сопруг се скарале, по што таа бесно му рекла дека оди во соседното село. Сепак, се верува дека таа застанала во близина, во куќата на маж со кој наводно била во тајна врска извесно време.
Се верува дека парот пиел во текот на вечерта и дека во еден момент дошло до расправија меѓу двајцата. Тогаш се сомнева дека мажот, чие име не се соопштува, грабнал секира и ја удрил Кристина неколку пати во главата. Следното утро тој, наводно, самиот дошол кај Џорџ и му кажал дека Кристина е мртва.
„Утрото кај мене дојде ќерката на Кристина која живее во близина и се тресеше. Ми кажа дека дошол човек и го повикал татко и’ до капијата. Кога дошол сопругот на Кристина, тој му рекол: Здраво Џорџ, дојди да ти кажам нешто. Кристина, твојата сопруга е мртва во мојот двор, во мојата куќа. Јас лично никогаш не сум слушнал дека се скарале и дека имало проблеми во бракот“, изјави за медиумите соседот на убиената.
Сите во селото имаат само пофални зборови за убиената Кристина.
“Таа беше многу вредна жена, тивка. Работеше многу, го издржуваше семејството, но знаеше да пие”, велат мештаните.
Осомничениот за нејзиното убиство е приведен, а полицијата соопшти дека на 12 февруари, околу 9 часот, ѝ се јавила ќерката на жртвата.
Телото со видливи повреди во пределот на главата е пренесено на обдукција, за да се утврди точната причина за смртта“, соопшти полицијата.
Како што наведоа, приведен е сопственикот на куќата во која е пронајдено телото на Криста.
Пронајдете не на следниве мрежи:



