Здружението “Стопли Срце“ и многу хумани граѓани успеаа на жената за која објавивме дека живее чувајќи кучиња колку да преживее и обезбедија топол дом и редовен оброк. Млада но намачена , образована но неспособра за работа оти немаше волја за живот, ги закопа родителите, но животот и го пресече смртта на синот. Со огромна благодарност до сите вас кои помогнавте, сакаме да ве известиме дека конечно домот на оваа напатена жена е среден! Благодарност до @alen divjakovski, @mece inzinjering, Анита која го организираше нивното друштво да се приклучат и помогнат, ве има многу што се приклучивте и допринесовте за овој дом да изгледа вака, блгодарност до секој еден од вас ! ❤️ Електрика сменета, прозори сменети, молерај, клима, фрижидер, шпорет, тв, мебел, завеси итн, се ова е благодарение на вас мој хуман народе! ❤️ Заедно поместуваме планини дечки! На жената ке и посакаме мирен, достоинствен и спокоен живот, а на вас кои помагате , Господ да ве чува ❤️
Здружение “Стопли Срце“
Претходната приказна за еден мачен живот на млада образована жена која изгуби се, на крајот и синот…
може да ја видите на сајтот на изворот: dosie.mk