Жената седнала во кафич со нејзиниот вујко: Нови детали за морбидниот случај, камерите снимија грозоморни сцени, сакаше да земе и кредит (ВИДЕО)

Жена од Бразил е уапсена откако го донела мртвиот вујко во инвалидска количка во банка и се обидела да извади пари!Вработена во банка го снимила вознемирувачкиот момент кога Ерика де Соуза Виеира Нунес (42) бара од починатиот Пауло Роберто Брага (68) да потпише документ за да може да земе заем од околу 3.500 евра. Вработените забележале дека нешто не е во ред и повикале полиција, по што Нунес била уапсена.Надзорна камера претходно ја снимила Нунес како излегува од такси на паркингот во локалниот трговски центар околу пладне, а потоа го става својот вујко во инвалидска количка. Бразилскиот портал G1 наведува дека јасно се гледа оти раката на Браго е испружена додека главата му е навалена.Камерите потоа ја снимиле Нунес како го турка вујкото додека тој шетал низ трговскиот центар. Нунес дури во еден момент влегла во продавницата додека нејзиниот вујко останал надвор.По кратка обиколка, според G1, таа седнала во кафуле во трговскиот центар, го сместила својот вујко во количката и се напила кафе, а потоа се упатила кон банката која се наоѓа на 500 метри од трговскиот центар.Сепак, вработените забележале дека нешто не е во ред, па потоа почнале да снимаат. На видеото се гледа како Нунес го држи за вратот неподвижниот вујко, па дури и му турка пенкало меѓу прстите за да ги потпише хартиите.– Тој е таков! Не кажувај ништо – се слуша Нунес.Набрзо била повикана полиција и ја уапсила Нунес за обид за измама и сквернавење на труп.Меѓутоа, таксистот кој ја одвезол жената до трговскиот центар тврди дека старецот давал знаци на живот и дека имал сила во рацете кога му помогнала Нунес да се качи во автомобилот. Тој наведува и дека Браго во еден момент ја фатил рачката на автомобилот.
🛑🛑🛑🛑🇧🇷 #BrasilEl video muestra a una mujer con su tío muerto en el banco para obtener un préstamo en Río.La mujer fue identificada como Érika de Souza Vieira y fue detenida el  martes 16 de abril en Río de Janeiro https://t.co/eDAkygPwGp pic.twitter.com/zZhEDj5KKT— Ronald Arellano 2 💪 (@RonaldRicardoA7) April 17, 2024
Лекарот од итната помош, кој дошол во банката, рекол дека при кардиопулмонална реанимација открил дека старецот е мртов и дека на телото веќе има дамки кои обично се појавуваат само два часа по смртта.Ерика де Соуза Виеира Нунес на сослушувањето изјави дека се грижи за нејзиниот вујко и дека Браго бил пуштен од болница претходниот ден. Таа, исто така, рече дека сака да земе заем за да купи телевизор и да ја реновира куќата. Нунес исто така тврди дека Браго бил свесен кога излегле од куќата и престанале да реагира кога пристигнале во банката.Адвокатот на уапсената жена Ана Карла де Соуза Кореа наведува дека Нунес има психијатриски извештај кој бил презентиран во полициската станица.– Таа е на психолошки третман и зема контролирани лекови – изјави Кореа.Адвокатот верува дека Нунес можеби не ни сфатила дека Браго е мртов додека не влегла во банката.– Верувам дека полуде поради лековите. Не знаела што прави – изјавила адвокатката.Експерт од Институтот за судска медицина за Г1 вели дека смртта можела да настапи помеѓу 11:30 и 14:30 часот, но дека нема сигурни елементи од технички и научен аспект да се каже дали старецот починал на пат до банката или внатре во зградата.

Пронајдете не на следниве мрежи: