Жена се породила вчера на улица во Бангкок откако болницата во која била била евакуирана поради силниот земјотрес во Мјанмар.Лежеше на носилки, опкружена со медицински персонал кој и’ помогна да се породи на отворено.Да потсетиме дека поради тресењето на земјата предизвикано од земјотресот, евакуирани се болниците на King Chulalongkorn Memorial и BNH.Пациентите биле преместени во блискиот парк, вклучувајќи ги и оние на носилки и во инвалидски колички. Вработените во болницата продолжија да се грижат надвор, пред зградите на болницата.Земјотресот што го погоди Мјанмар беше еден од најразорните во последните сто години.
Footage during the earthquake in #Bangkok a baby was born in the park 😭 Waht a story to tell ‘’ I was born during the earthquake ‘’ #แผ่นดินไหว #earthquake #myanmarearthquake #bangkokearthquake #ตึกถล่ม pic.twitter.com/7E0FdzfPEf— Miia 🩵 (@i30199) March 28, 2025
Според Геолошкиот институт на САД (USGS), епицентарот бил на 17 километри од Мандалеј. Бројот на загинати се искачи на повеќе од 1.000, а спасувачите се уште трагаат по преживеани во урнатините.Воената хунта прогласи вонредна состојба и повика на помош, додека ОН потврдија дека се во контакт со властите.