Жените се подобри лидери во пандемијата

Земјите со жени лидери постигнаа значително подобри резултати во текот на пандемијата, за разлика од земјите предводени од мажи, покажува истражување спроведено од меѓународен тим експерти.
Анализата е направена во 35 земји, во десет од нив на чело на државата стојат жени, пренесе Daily Mail.
Анализата покажала дека земјите со машки лидери во просек имале шест пати повеќе смртни случаи. Нациите во кои жените се на чело на државата побргу ја намалиле кривата на епидемијата во однос на државите во кои има машки лидери.
Земјите предводени од жени имале 1,6 пати помалку смртни случаи по глава на жител. Бројот на дневни смртни случаи бил седум пати помал во овие земји во однос на земјите со машки лидери.
Жените како приоритет го поставиле јавното здравје пред економијата.
Инаку, земјите предводени од жени имаат подобра социјална еднаквост бидејќи предност им даваат на човечките потреби, покажа истражувањето спроведено од Тринити колеџот во Даблин. Меѓу земјите со жени лидери кои добро се справија со корона-кризата се Германија, Нов Зеланд, Данска и Финска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.