Женски особини кои не ги сака ниту еден маж

Нељубезноста, грубоста, несоодветно однесување се дел од машките особини кои се одбивни за жените. Но, истото важи и за мажите.
Во анкета спроведена меѓу мажи на возраст од 25 години до 45 години, припадниците на посилниот пол одвоија три женски особини кои не им се допаѓаат.
1. Материјализам
За многу жени финансиската сигурност претставува важен фактор кога одбираат партнер. Не треба некое посебно истражување, иако е направено, за да покаже дека материјално обезбедените и стабилни мажи им се многу попривлечни на жените од останатите.
Без разлика дали спаѓате во оваа група на жени или не, отворено покажување на важноста на парите на почетокот од врската и во текот на запознавањето на мажите воопшто не им е привлечно. Ако барате скапи подароци и отворено покажувате дека ви се важни неговите финансиски гестови, треба да знаете дека во машката глава тоа изгледа многу лошо.


2. Грубост и нељубезност
Жените не се единствените кои забележуваат како нивниот партнер се однесува кон другите луѓе, на пример кон келнерките или продавачите. Грубоста и негативноста воопшто не се привлечни особини и тоа останува како впечаток и кај мажите.
Агресивното однесување на жените кон друга личност воопшто не е привлечно, исто како и нељубезноста и покажувањето на отворено непријателство кон некого.
3. Трачеви за туѓи животи
На мажот на кој му се допаѓате сака да знае сè за вас, но не го интересираат животите на вашите другарки или колешки. Понекоја смешна ситуација или шега одвреме-навреме може да си раскажете, но ако секој збор буквално е посветен на туѓите животни, односно сте опседнати со озборување тогаш имате особина која ниту еден маж не ја сака.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.