Жешко време до викендов, од недела голем пресврт

Времето денеска беше претежно сончево и топло, а во текот на ноќта ќе биде ведро. Има најави дека ќе дува слаб североисточен ветер.
Утре сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 11 до 20, а максималната од 31 до 39 степени. УВ индексот 8.
До недела ќе се задржи стабилно и топло време.


Зголемување на облачноста ќе има во петок и сабота, а од недела доаѓа пресврт на временските прилики.
Попладнето и во наредните денови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.