Жељко и Јована имаат голем повод за славење

Јована и Жељко Јоксимовиќ пред една година станаа родители на нивните ќерки, близначките Ана и Срна.
Пред ќерките тие го добија и синот Коста, а од првиот брак Жељко ја има ќерката Мина.Жељко неодамна откри дека животот потполно им се променил откако во нивниот живот пристигнале близначките.

 

View this post on Instagram

 

#wedding #happiness #wonderfullnight Athens✨✨✨?

A post shared by Jovana Joksimovic (@jjovanajoksimovic) on


„Се будам рано поради Јована бидејќи води Утринска емисија. Меѓутоа, сега децата се рекордери во раното будење. Стануваат во 4и30, па повторно заспиваат во 6и30“, изјави Жељко за „Блиц“.
Јована и Жељко близначките ги крстија Ана и Срна, а откри зошто токму се определиле за овие имиња.
„Името Ана беше желба на Јована од детството, па од прв момент знаевме дека една од нив така ќе се вика. За другото име долго време размислувавме, а некако Срна ни беше драго и на двајцата“, изјави Жељко.
Деновиве, Јована и Жељко имаа голем повод за славење, односно нивните ќеркички наполнија една година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.