сабота, 28 ноември 2026
Најново

Живееaјa со години нa УЛИЦA, a потоa им пријде женa и со пaрче хaртијa им го ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Четворица бездомници во Брест, Франција, добија 50.000 евра на лотарија, благодарение на една жена што им даде билет за лотарија.
Бездомниците, вклучително и една жена, седеа, како и обично, пред продавница за цигари, кога клиент излезе од продавницата и им даде гребка.
Според медиумите, бездомниците барале на сите да им бидат исплатени 12.500 евра.
– Тие не знаат што да прават со толку многу пари, но тоа дефинитивно ќе им помогне да променат нешто во нивните животи – објави Француската државна лотарија (ФДJ).
„Тие беа пресреќни, парите ќе им помогнат во овие тешки моменти“, изјави сопственикот на продавница за цигари за АФП.
Не е невообичаено клиентите да даваат пари на бездомници, цигари или билет за лотарија, вели овој човек, а пренесува „Хојте“.

Поврзани вести