Жител на Богданци починал од телесни повреди здобиени во тепачка. Тепачката се случила синоќа во Стар Дојран.
Полицијата денеска соопшти дека починат е 53-годишен жител на Богданци со иницијали Н.Т.
Тепачката настанала меѓу него и 55-годишник со иницијали В.Р. од дојранското село Сретеново кој е уапсен синоќа во 22:25 часот.
– По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, телото на починатиот е дадено на обдукција. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира денеска Министерството за внатрешни работи.



