Измамник кој се претставил дека е во Скопје успеал да натера жител на Тетовско да му плати за наводен превоз на автомобил од Швајцарија во земјава, по што го измамил и не му го презел „Мерцедесот“, соопшти МВР.
„На 30.07.2025 во 15:30 часот во СВР Тетово, 46-годишник од тетовско село, пријавил дека бил измамен од лице кое се претставило дека е од Скопје и е претставник на фирма која вршела транспорт на моторни возила од Швајцарија во Македонија. Според пријавеното, во текот на овој месец, тој на социјална мрежа стапил во контакт со лицето и се договориле да му транспортира возило „мерцедес“ од Швајцарија за сума од 1.000 евра. Како што е пријавено, лицето му пуштило фактура и побарало од него парите да ги прати парите преку брз трансфер на пари на друго лице. Исто така, според пријавеното, откако лицето не го презело возилото и му наведувало различни причини затоа, тој сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот“, пишува во полициското соопштение.



