сабота, 28 ноември 2026
Најново

Жичницата на Водно нема да работи до 24 април

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје информира дека жичницата „Милениумски крст“ на Водно нема да биде во функција од денеска (21 април) до петок (24 април).

Во периодот додека не работи ќе се врши контрола од стручни тимови од австриската фирма „Допелмаер“ (Doppelmayr).

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Од 25.04.2026 (сабота) жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците во вообичаеното работно време“, соопштуваат од ЈСП.

Поврзани вести