Забележувате нешто сомнително? Ова се знаците дека мобилниот ви е хакиран

Се појавија чудни апликации
Многу добар знак на „инфекција“ е наоѓањето инсталирани апликации што не сте ги инсталирале вие. Апликациите што не сте ги инсталирале вие доаѓаат од други апликации и/или веб-страници. За да го решите овој проблем, одете во Settings > Apps > App Manager и поминете низ списокот со апликации. Таму, доколку е потребно, кликнете на All Apps, пронајдете ги сомнителните апликации, кликнете на нив и изберете uninstall. Обрнете внимание на опасноста од деинсталирање на апликации што ќе предизвика повеќе штета отколку корист.
Батеријата брзо се троши
Еден од најефикасните начини да се провери потенцијален сајбер напад на вашиот паметен телефон е потрошувачката на батерија. Ако вашиот телефон се загрева без причина дури и кога не се полни, тоа може да биде апликација што работи во позадина и кога е исклучен екранот. Некои од најсложените малициозни софтвери можат да остават траги на вашиот телефон и таблет и по бришењето, затоа ви предлагаме да направите проверка преку менито за потрошувачка на батеријата.


Отворете ги поставките на уредот и одете во менито Battery > Battery Usage. Таму побарајте непознати апликации или што било необично. Проблемите со батериите сѐ поретко претставуваат проблем затоа што Google го вгради Google Play Protect во поновите верзии на Android, но сепак – ако видите дека непозната апликација со чудно име троши 40% од вашата батерија, ќе мора да преземете некакви мерки. Рестартирајте го телефонот, рачно исклучете ја апликацијата што троши енергија и избришете ја доколку е потребно.
Често се појавуваат реклами
Поп-ап рекламите доаѓаат во различни форми и големини и од различни веб-страници. Научивме да ги исклучуваме и блокираме, но во повеќето случаи тоа се само реклами. Сепак, понекогаш тие можат да предизвикаат потешкотии.
Google воведе бројни измени на Google Chrome и Android кои служат за да се сведат опасните реклами на минимум, што не значи дека целосно ги снемало.
Зголемен сообраќај на податоци
Ако вашиот смартфон има вирус, можно е да користи апликација која постојано испраќа податоци преку интернет. За да го проверите и откриете виновникот за зголемената потрошувачка на интернет, одете во Settings > Connections & WiFi > Data Usage и проверете која апликација троши најмногу податоци. YouTube, Spotify и слични сервиси често трошат многу податоци, но ако друга апликација го „празни“ сообраќајот на податоци, нешто не е во ред – апликациите никогаш не треба да имаат месечна потрошувачка од 5 GB.
Неовластени трансакции
Ако забележите чудни трансакции што не сте ги направиле, има причина за загриженост – се разбира, можеби „изворот“ на трансакцијата не е вашиот смартфон, но вие веќе сте станале жртва на измама.
За да спречите кражба од вашата картичка, внимателно прочитајте сè пред да ги дадете деталите за картичката на страницата – на пример, проверете го нејзиниот SSL сертификат. Ако страницата каде што планирате да купувате е сомнителна, не ги внесувајте вашите информации.
Сомнителни СМС-пораки
Дали вашиот паметен телефон испраќа чудни пораки до непознати броеви? Ако е така, тогаш вашиот уред 100% е хакиран. Причината за ваквото однесување лежи во апликација што се појавила на вашиот смартфон, без вие да бидете свесни за тоа.
За да го решите овој проблем, проверете кои апликации се инсталирани на вашиот уред или кои имаат бесплатен пристап до вашите пораки. Ако ја препознаете, веднаш одбијте ѝ пристап и избришете ја. За да го откриете сторителот, отворете ги поставките на уредот и одете во Privacy > Permission manager.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.