Забранета љубов

Дали да се прекине општествено неприфатлива врска?
Замислете ситуација, лудо да се вљубите, онака филмски, и тоа ни помалку ни повеќе туку во личност, во која ни во бунило не би помислиле дека би се вљубиле?
 Тој е забранет за вас
Да поедноставиме, Тој е забранет за вас, причините се различни –не го прифаќаат родителите, во врска е, можеби и верен, па дури и женет! Сепак судбината решила да ве спои, а вие не сте можеле да одолеете на тоа искушение. И за да целава ситуација биде уште позаплеткана, вие од него ја чувствувате истата доза на љубов и вибрации, токму како онаа која му ја праќате нему!
Дали да се лишите од љубовната еуфорија ?
Се наметнува прашањето, дали да прекинете и да се лишите од оваа љубовна еуфорија, само за да исполните некои општествени норми и заштитите трети лица, кои ненамерно се дел од целава приказна?
 Љубовта е многу комплексна варијабла, таа не почитува закони и правила. И да, настапува тогаш кога најмалку ја очекувате. Дали да се борите за истата и покрај тоа што свесни сте дека не постапувте правилно, или да се откажете?
На ова никој неможе да ви даде точен одговор, ниту психолог, ниту стручно лице. Судбината понекогаш е кучка, на која неможете да и се спротивставите.Тоа што треба да се случи, во даден момент и ќе се случи! Не е случајност тоа што двајцата сте се сретнале на исто место, во исто време, сте се привлекле, па меѓу вас се родила огромна љубов, иако забранета. Се обидувате да избегате, но предоцна. Кога љубовта настапува, работите се случуваат многу брзо. Сега во игра е голема емоција, која ве направила сосема зависни еден од друг, па вие уживајќи, тонете се подлабоко во неа. И чувствувате дека нема враќање.
 Можеби некогаш во животот треба да бидете себични,да се борите докрај за личноста што бескрајно ја сакате, можеби немора да бидете жртви на судбината, само за да имате чиста совест, иако за вас, тоа би значело несреќа.
Дали да се откажете од љубовта,само за да ги исполните општествените очекувања?
Сепак, се одлучувате да го послушате разумот, да следите друг пат, различен од оној вашиот, по кој со задоволство чекоревте заедно. Можеби на тој пат ќе најдете сигурност во некоја друга личност, која ќе ве исполнува и опсипува со љубов, но длабоко во себе, знаете дека срцето ќе ви биде празно, знаете дека никогаш нема да ви се повтори она исто чувство на избезуменост и заљубеност и дека тој засекогаш ќе остане врежан во вашата меморија.
Дали секогаш правилниот избор е навистина правилен за вас?
Што би било, доколку се одлучевте за онаа покомплицирана варијанта, да се борите за саканиот и вашата љубов и покрај сите препреки кои ќе ви се најдат на патот кон целта. Запомнете, она што вистински вреди, не доаѓа лесно, а она што е лесно, не секогаш вреди.
За крај, изборот е ваш, вие одлучувате дали ќе бидете пријател или непријател на себеси, се во зависност од одлуките кои ги донесувате.
 А,што се однесува до мене, секоја одлука е правилна кога станува збор за љубовта! И запомнете, ако срцето е празно, разумот нема значење! 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Дали да се прекине општествено неприфатлива врска?
Замислете ситуација, лудо да се вљубите, о

Пронајдете не на следниве мрежи: