Забранети социјални мрежи за деца под 15 години! Државата од ЕУ направи радикален потег, ништо повеќе нема да биде исто

Данска ќе ја забрани употребата на социјалните мрежи од страна на лица под 15 години, објави данската влада во петок, но родителите ќе можат да дадат согласност на деца над 13 години за пристап до одредени платформи. Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен, во говор пред парламентот во октомври, повика на ограничувања на употребата на социјалните медиуми кај децата поради загриженост за менталното здравје на младите луѓе.

Таканаречените социјални мрежи растат крадејќи време, детство и благосостојба на нашите деца, а ние сега ставаме крај на тоа, изјави министерката за дигитализација Каролин Стеге Олсен.

Повеќето партии во парламентот објавија дека ќе го поддржат овој план пред официјалното гласање.

Децата во Данска најмногу ги користат Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok, објави владата.

Според анализата на Данскиот орган за конкуренција и заштита на потрошувачите од февруари годинава, младите луѓе во таа нордиска земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните мрежи.

Данска го следи примерот на Австралија, која минатата година воведе забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 16 години.
The post Забранети социјални мрежи за деца под 15 години! Државата од ЕУ направи радикален потег, ништо повеќе нема да биде исто appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: