Забрзано расте: Биткоинот достигна вредност од 50.000 американски долари- големите компании инвестираат во криптовалути

Биткоинот денеска за првпат ја премина цената од 50.000 американски долари, продолжувајќи го својот забрзан раст. Сепак, овој премин на големата психолошка граница траеше кратко, падна под оваа граница и вредеше 49.235 долари.
Биткоинот доби поттик по веста дека големите компании „Тесла“, „Мастеркард“ и „БНИ Мелон“ инвестираат значителни средства во криптовалути.
Минатиот понеделник, компанијата на Елон Маск, „Тесла“ соопшти дека купила 1,5 милијарди долари биткоин како дел од новата стратегија за инвестиции и наскоро ќе го прифати како начин на плаќање за нејзините автомобили.
Аналитичарите предвидуваат бавен развој кон широко распространета употреба на биткоинот за плаќање стоки и услуги.
Биткоинот генерално се перципира како залиха на вредност, како злато, со многу малку простор за трошење.
Неодамнешна студија на Дојче банк покажува дека инвеститорите сметаат дека биткоинот е најекстремниот балон на финансиските пазари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.