Снузот, марихуаната, цигарите се позастапени меѓу средношколците. Школските дворови во вечерните часови се најчесто место за нивно користење.
Родителите „будно“ да бидат присутни во животите на своите деца. Активно и отворено да разговараат со нив па и да ги контролираат, советуваат психолозите.
Телефонско договарање или користење интернет апликации е најчесто користен начин за продажба на наркотици, велат од СВР Битола.
„Најчести жртви од употребата на дрога и психотропни супстанции се јавуваат млади лица, односно средношколци, кои употребуваат марихуана, а констатирано е дека се продава и консумира и кокаин, амфетамин и екстази“, вели Сања Стаматова-портпарол на СВР Битола.
Минатата година криминалистичката полицијата на СВР Битола на подрачјето на Битола и Прилеп лишила 324 лица инволвирани во трговија на дрога и психотропни супстанции.
The post Зависности меѓу адолесцентите appeared first on Во Центар.



