четврток, 12 ноември 2026
Најново

Заврши истрагата од крвавиот настан во Велес, телата на тројцата починати пратени на обдукција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Доцна синоќа заврши увидот на  јавен обвинител во содејство со увидна екипа СВР Велес, а телата на починатите од крвавата семејна драма што се случи попладнево во Велес се испратени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Во трагедијата со повеќе повреди од остар предмет починаа 31 годишна велешанка и нејзиниот 74 годишен татко, а стрителот 39 годишен скопјанец поранешен партнер на девојката се самоубил со тврд остар предмет.

Јавниот обвинител при ОЈО Велес Цветанка  Богоевска за МИА потврди дека увидот заврши, а телата на убиените се испратени во Институтот за судска медицина во Скопје.

За денеска се очекува  ОЈО  да објави целосно соопштение за настанот и дека предмети ќе има и во други обвинителства.
Двојно убиство и самоубиство во Велес

Поврзани вести