Загаденоста на воздухот синоќа во Скопје четири пати над дозволеното

Скопјани веќе во континуитет дишат загаден воздух, а како во пресрет ни доаѓаат постудени денови аерозагадувањето само ќе се зголемува.
Апликација која го мери квалитет на воздухот во Македонија, “Мој воздух“, синоќа покажа високи концентрации на ПМ10 честички во главниот град. Енормна загаденост е регистрирана во реонот Ректорат во 20 часот, односно 131 ПМ 10 честички на метар кубен, а нешто подоцна мобилната апликација покажа дури 211 ПМ 10 честички на метар кубен.
Во Ѓорче Петров според “Мој воздух“, загаденоста беше исто така голема, дури 160 ПМ 10 честички на метар кубен. Во Гази Баба 124, во Центар 96, во 11 Октомври 73 ПМ 10 честички на метар кубен.
Дозволената граница на ПМ 10 честичките изнесува 50 микрограми на метар кубен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.