Загина 19-годишен возач во Србија, со автомобилот удрил во бетонски крст

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево кај местото Ашање, во Србија.

Како што дознава српски Курир, сообраќајната несреќа се случила во 19 часот и 12 минути на патот Петровчиќ кон Карловчиќ, во близина на кружниот тек.

Возачот на автомобилот најверојатно поради несоодветна брзина изгубил контрола и удрил во бетонски крст.

Брза помош само констатирала смрт кај младиот човек.

Пронајдете не на следниве мрежи: