сабота, 28 ноември 2026
Најново

Загрижувачка епидемиолошка состојба во Франција: Уште 6.544 новозаболени, 39 лица починати

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Бројот на лица заразени со коронавирусот во Франција е зголемен за 6.544 во последните 24 часа, на 335.524, додека други 39 пациенти починале како резултат на Ковид-19, вкупно 30.764 од почетокот на пандемијата. 

Францускиот министер за здравство Оливие Веран изјави денеска дека епидемиолошката состојба е загрижувачка, но тој верува дека може да се избегне уште еден голем бран на инфекции, објави Ројтерс, а пренесува Танјуг. 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој за Радио Интер рече дека стапката на репродукција на вирусот е 1,2, што е помалку од 3,2-3,4, колку што е забележано на пролет. 

Ова значи дека вирусот се пренесува побавно, но дека продолжува да циркулира, што е загрижувачки, истакна Веран.

Поврзани вести