Зад овој хит на Северина се крие голема трагедија

Хрватската пејачка Северина Којиќ гостувајќи во една емисија говореше за својата кариера, но и за песната која станала вистински евергрин.
Имено таа откри дека една од нејзините најемотивни песни е токму песната „Пријателка“ која настанала во далечната 1997 година, а зад себе крие тешка приказна.
-Јас песната „Пријателка“ ја напишав за мојата пријателка и истата требаше да се вика поинаку. Мојата другарка се викаше Марица и требаше по неа да се вика песната, бидејќи таа ми беше училишна другарка која за жал загина. За жал не можев тогаш поради нејзиното семејство не можев така да ја крстам песната, но другарите од одделението ми рекоа дека еден ден морам да снимам песна за неа. Мило ми е што таа песна се пее. Таа беше убава, имаше убави зелени очи и понекогаш нас не мешаа, а мене ми беше драго поради сето тоа, вели Северина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.