„Зад отворени врати“ е мотото на Интернационалниот Фестивал на Монодрама кој ќе ќе се одржи во Битола од 22ри до 27ми јуни

Короната ги згасна рефлекторите минатата година за планираното издание. Но, организаторот Центарот за култура од Битола не дозволи пандемијата целосно да го замрзне актерското време.

– Сонувавме за оваа година и за Фестивалот кој сакавме да се одржи. И успеавме, зошто сцената е место на кое луѓето колективно сонуваат. Овој фестивал ќе биде добар доказ дека театарот секогаш ќе го пронајде својот нов Модус Вивенди со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола, истакна Маја Андоновска Илијевски директор на Центарот за култура.

Рефлекторите ќе се вклучат на 22 јуни, на неколку сцени низ Битола, а Интернационалниот Фестивал на Монодрама ќе живее 6 денови зад отворени врати со своја официјална и офф програма.

– Mонодрамата, како форма, покажа дека времето на пандемија не може да ја замолчи. Сведоци бевме на крикот на актерите кои моноспектаклот го избраа да се изразат. И да имаме навистина во време на пандемија и одлучна продукција. Така, со одлука на Фестивалскиот совет, како селектор ја поддржав идејата сите оние актери од нашата земја, кои во оваа година се појавија со свои проекти, а и од оние кои минатата година беа селектирани, да настапат. Ваква една специфична година заслужуваше поинаков третман, а ние како Фестивал ја покажавме својата големина. 10 монодрами во официјална конкуренција, сите продуцирани во нашата држава, зошто патувањата за гости од странство се сѐ уште проблематични, а е и добра поддршка за домашната театарска продукција. Ќе имаме и еден танц перформанс во офф програмата и премиера на класична театарска претстава во чест на наградените, вели актерот Петар Мирчевски кој е селектор на фестивалот.

Програмата официјално ќе биде соопштена во понеделник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.