Заев без да ја информира јавноста прифатил промена на уставното име

Во изјава по крајот на лидерската средба премиерот Зоран Заев потврди дека Република Илиденска Македонија е предлогот кој што треба да го реши спорот со Грција. Тој кажа дека ниту тој, ниту македонскиот народ немал никакви териториални претензии кон Грција. Заев кажа дека името ќе биде за севкупна употреба, што значи дека ќе има промени во Уставот.


-Сега нам ни треба нов четврт Илинден, во кој ќе се обидиниме повторно, четвртиот Илинден е нашата светла иднина. Со четврт Илинден со евентуален договор за Република Илиденска Македонија неповратно го отвораме патот кон членството во ЕУ и Нато, изјави Заев.
Заев кажа дека 100 процентно верува во ова решение.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кажа дека она што било шпекулација во македонските медиуми минатите денови и онаа шпекулација што вчера Зоран Заев кажа пред јавноста дека е шпекулација излезе дека е вистина.
-Зоран Заев и Никола Димитров прифатиле решение кое што пред малку ви беше презентирано, решение за кое што прв пат бевме денеска информирани, која што требаше да биде од информативен карактер. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот кој што беше повторен во минатото во многу наврати дека нема да поддржи промена на уставот со цел промена на уставно име, изјави Мицкоски.
Тој кажа дека целокупниот процес се водел во тајност и егзебиционистички, загрозувани биле националните позиции на Македонија. Тој кажа дека патот до целта е јасен, а тоа интеграција во ЕУ и Нато, но траекторијата е различна.


-Денеска за прв пат бевме запознаени со предлогот кој Зоран Заев и Никола Димитров го прифатиле, истиот ќе биде претставен и презентиран пред органите на партијата и понатаму партијата благовремено ќе ја информира јавноста. До овој момент нашиот став е непроменет и повторен во многу наврати во минатото, изјави Мицкоски.


Мицкоски кажа дека било прифатено промена на Уставот со цел промена на утавното име.
Иванов кажа дека прв пат биле информирани за некои работи.
-Процесот мора да се води во рамката утврдена од ОН и било кој документ мора да биде предмет на разгледување не само на лидерите на партиите и на државниот врв, како што тоа беше пример денеска, туку мора да се консултираат и експертите од меѓународното право и меѓународните односи, затоа што видовме во минатото недоследност од грчка страна кога станува документ кој треба да го усвојат и двете страни, изјави Иванов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.