Заев го откажал ручекот со Курц и Хан

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц во понеделник во Виена на работен ручек ги повика премиерите од земјите од Западен Балкан. На состанокот ќе присуствува и комесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан. Според најавите на состанокот ќе стане збор за економската перспектива на Западен Балкан, регионалната соработка и билатералните конфликти.
Од кабинетот на канцеларот Курц за “Танјуг“ најавиле дека на ручекот ќе допатуваат шефицата на српската влада, Ана Брнабиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, претседавачот со Советот на министрите во БиХ, Денис Звиздиќ и шефот на косовската Влада, Рамуш Харадинај.
Како што пишува “Танјуг“ премиерот на Р.Македонија, Зоран Заев, кој претходно бил најавен го откажал ручекот заради внатрешнополитички прашања.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.