четврток, 12 ноември 2026
Најново

Заев: Изјавата на Меркел против датум во јуни е стара

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Откако денес се рашири веста дека канцеларката Ангела Меркел се изјаснила негативно по желбата на Европската комисија за брзо давање датум за преговори на Македонија за приклучување во Европската Унија ова лето, премиерот Заев на прес-конференција истакна дека веста е стара.
-Да бидеме внимателни како се поставуваме, да ги имаме во предвид стратешките цели. Верувам дека јуни, јули е достижен. Сака да верувам дека Европа ќе испорача. Не можам да гарантирам дека парламентарното мнозинство ќе остане стабилно ако Европа не испорача. Ако некој некогаш заслужил интеграција во ЕУ  тоа е Република Северна Македонија, рече Заев додавајќи дека Германија е наш стратешки партнер, а канцеларката Меркел  може да го смета за свое дело, успехот на нашата земја.
Тој уште еднаш повтори дека ако не добиеме датум за преговори ќе го врати мандатот и дека од тоа зависи дали ќе има избор на нова Влада или само реконструкција. Според него, ако остане во план реконструкција на Владата, тогаш тоа може да се случи најдоцна до крајот на јуни.

Поврзани вести