Заев му понудил на Чедомир Јовановиќ да биде советник во македонската Влада!?

Според написот на српскиот весник „Блиц“ македонскиот премиер Зоран Заев му понудил на лидерот на Либерално демократската партија на Србија, Чедомир Јовановиќ, да биде советник за регионални односи и европски интеграции во македонската Влада.
Како што пишува „Блиц“ Заев и Јовановиќ имаат повеќегодишни добри односи кои се интензивирале во текот на референдумската кампања. По неуспехот на Референдумот, Јовановиќ изјавил дека Србија не треба тенденциозно да ги коментира резултатите од гласањето, туку да и помогне на Македонија, ако смее. Јовановиќ не одговорил на понудата со образложение:
-Ако тоа што го сакаш ти, го сака и Вучиќ, подготвен сум, зашто никој друг нема да ги реши нашите проблеми, навел изворот на „Блиц“ за кој весникот тврди дека е добро информиран.
Освен тоа Јовановиќ понудил и создавање коалиција за мир и му објаснил на Заев како го замислил тоа.
-Дел од коалицијата би требало да биде Скопје, дел Сараево, дел Белград, а секако би биле вклучени и Црногорците. Таа коалиција би ја туркала европската приказна и договорот на Белград со косовските Албанци. Би се нашол и некој модел за соработка, а потоа би и било предложено на ЕУ процесот на интеграција да се забрза за да не чека 30 години, зашто кој знае каде тогаш би биле земјите од регионот, објаснил соговорникот на „Блиц“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.