Заев нема да дава оставка. Не се изненадивме. А Мицковски?

Не е ништо ново, нити пак треба да се чудиме што Заев нема да даде оставка. А ја најави ако не успее референдумот. Сепак во неговиот универзум некаде и некако референдумот успеал…
Тој видел многумина што гласале За, иако рака на срце мислиме дека никој што поминал МАТЕМАТИКА од второ оделение не би можел овие равенства и едначини на Заев да ги разбере. Но што е тука е. Нема оставка.
Заев отиде и чекор понатака. Ја повика опозицијата да го почитува резултатот и да гласа за промена на името во Собранието. Пак го стави Мицковски во небрано. Овој сега пред себе има проблем. Угоре високо, удолу длабоко. Што ли ќе мисли од утре Меркел за него? Дали пак ќе му се јавува секој ден или му се налутила? Не им е лесно на овие двајца. А како ли се најдовме ние сите меѓу нив?
Македонијо утре е нов ден. Нова борба. Како во старите времиња. Ништо не е готово. Допрва ќе имаме предизвици. Ако Мицковски не ги заузда неговите пратеници, тие ќе си гласаат ко попчиња. И ќе ја заобиколат вољата на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.