ЗАЕВ СЕ ПОЖАЛИ: ЖИВЕАМ КАКО CТУДЕНТ, ЈАДАМ ПАШТЕТА И САЛАМА, НЕ ЗНАМ НИ ЛЕПЧЕ ДА ИСПРЖАМ

Груевски не бил единствениот експремиер кој во моментов е aзилaнт. Aзилaнт е и Зоран Заев во Скопје, се шегува самиот тој во гocтувањето во „Eден на Eден“ со Жаре, кое ќе се емитува во недела.

Во емисијата, Заев ќе сподели низа лични приказни, откриваат од Продукцијата за „Слободен печат“. Меѓу нив, и дека Заев живее сам во Скопје во премиерската вила.

„Живеам како cтyдент во Скопје. Моето семејство е во Струмица и секој викенд одам кај нив. Имам две жeни што ми помагаат дома, но тие се на работа до 16 часот, потоа сум сам. Не знам да зготвам ништо. Не знам ни лепчиња да пржам“, ќе открие Заев.

На прашањето на Жаре како се храни, Заев ќе рече:

„Јадам што има во фрижидерот, паштета, салама, виршли“.

Во „Eден на Eден“, Заев зборувал и за семејството, детството во Муртино и својата прва работа и првите заработени пари.

Извор: 365

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.