Заев утре “ќе смете“ петмина министри?!?

Како што неофицијално се дознава покрај директори кои не ги исполниле очекувањата, утре ќе бидат сменети пет до шест министри. Деновиве премиерот Зоран Заев имаше средби со коалицискиот партнер, лидерот на ДУИ Али Ахмети на кои се разговарало за најавената реконструкција на Владата.
Денес ќе се одржи седница на Централниот одбор на владејачката СДСМ на која ќе се расправа и ќе се  донесат одлуки за промени на дел од партиските кадри, но и на оние во извршната власт, објави синоќа ТВ “21“.
За почетокот на јуни Заев најави и смени на дел од министрите, замениците, а потоа и по вертикала  смени на функционери во јавните претпријатија и институции.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.