Законот за заштита од пушење се уште во владина процедура

Предлог-законот за заштита од пушење уште е во владина процедура. Според најавите на Министерството за здравство, утре треба да се одржи состанок со сите учесници и веќе од наредната недела да поминат сите административни процедури во Владата.
Законот првично требаше да стапи на сила од 1 март, но беше одложена неговата примена по реакциите на тутунската индустрија и угостителите.
–  Предлог-законот ги помина буквално сите филтри и од законодавство и доби позитивни мислења од сите учесници. На 30 мај го имаме последниот состанок заедно со сите учесници и од наредната недела веќе завршуваат тие административни процедури во Владата за да може истиот да да биде дел од материјалите во Собранието. Така што, од сите аспекти законот веќе е завршен и имаме краен документ како таков и истиот ќе биде веќе доставен во Собрание, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу.
Законот, според Алиу, ќе почне да се применува веднаш штом се донесе, освен делот којшто се однесува за инфраструктурата на терасите.

Како мерки за одвикување од пушење Алиу најави можност матичните лекари да може да препишуваат препарати за одвикнување од пушење – трансдермални фластери и никотински гуми за џвакање.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, 45,5 проценти од возрасната популација се изјасниле дека се активни пушачи. Само 17 проценти од граѓаните не го одобруваат пушењето.

The post Законот за заштита од пушење се уште во владина процедура appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: