Законот за јазици наредната недела ќе се објави во Службен весник

Заменик-премиерот за европски прашања Бујар Османи, екскузивно за телевизија “Алсат-м“ ја потврди информацијата дека една година по усвојувањето во Собранието, конечно се очекува Законот за употреба на јазиците да стапи на сила, со објавување во Службен весник дури и без потписот на претседателот Ѓорге Иванов. Тој потенцираше дека законските процедури ќе бидат почитувани.
– Беше добра случајност што на истиот ден, 11 јануари, беше донесен Законот за употреба на јазиците, на 11 јануари се изгласаа и уставните измени. Но, она што е уште поубаво, е тоа што очекуваме следната недела, претседателот на Парламентот да го формализира Законот за употреба на јазиците, целосно ова во рамките на законот и Уставот, со што и почнува официјалната примена на албанскиот јазик во централните институции, во целосна вертикала на државни институции. Се разбира, тука почнуваат и предизвиците за правилно, сеопфатно спроведување и имплементација на стандарден јазик”, рече Бујар Османи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.