„Законскиот балансер“ не тргнал накај Венецијанска комисија

Предлог-законот за соодветна и правична застапеност сè уште не е испратен до Венецијанската комисија, потврдува за Телевизија 24 вицепремиерот за добро владеење – Арбен Фетаи. Законот кој што треба да го замени укинатиот Балансер, иако беше најавено дека многу брзо ќе се прати на мислење, за пред избори да стигне во Собрание, се уште е на Илинденска бр. 2.
ТВ 24 дојде до нацртот на предлог-законот за правична застапеност. Според овој документ, ново-формирано Координативно тело ќе биде задолжено да следи дали правата на заедниците се почитуваат при вработувањата во јавниот сектор. Во него, ќе членуваат заменик-претседател на Владата, претставници на Народниот правобранител, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Агенцијата за административни службеници, академската заедница како и министри.  Агенцијата за административни службеници,пак, ќе ја изработи методологијата по која ќе се распределуваат новите вработувања според етничката припадност.
Член 11, став 3 и 4
Христијан Мицкоски и тројката од Вреди, за законот за кој треба и Бадинтер, ќе добијат поддршка од Венко Филипче. Дека СДСМ ќе гласа ЗА, во 24 Анализа најави потпретседателот на СДСМ – Методија Илиевски.
Од Мала Речица пак, децидни – планираат блокада.
Минатата недела, премиерот Мицкоски најави јавна дебата и можност за поднесување амандмани за предлог-законот за правична застапеност откако ќе се добие мислење од Венецијанската комисија, како и тоа дека методологијата дополнително ќе се изработи.

Пронајдете не на следниве мрежи: