Замислете: на 70 обвинители две години биле прислушувани телефоните

Најмалку две години се прислушувале разговорите од фиксните телефони во Јавното обвинителство. Оваа шокантна информација ја кажа државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Според соопштението кое беше испратено до јавноста со штури и нејасни информации, од ОЈО објаснуваат дека снимањето се вршело на два хард диска на телефоснката централа сметена во просториите на институцијата. Од ОЈО не даваат информации кој и за која цел ги снимал тие разговори и дали опремата за снимање е донесена со пуштањето на употреба на новата зграда или пак е дополнително набавена и инсталирана.
Два хард диска со снимени телефонски разговори од фиксната линија пронајдени во зградата на Основното јавно обвинителство. На двата хард диска има разговори од 20 септември 2016 до денес. Оваа информација ја обелодени првиот обвинител Љубомир Јовески на брифинг со новинарите, но бидејќи станува збор за предистражна постапка, не можеше да даде одговор на прашањето кој би можел да снима и дали воопшто некој ги слушал снимените разговори. Додека собирале докази за осомничени криминалци наложуваат прислушување, обвинителите 2 години биле тајно снимани.
Клучно прашање кое треба да го одговори истрагата е кој ја монтирал опремата за снимање во телефонската централа и дали овие разговори биле злоупотребувани.Сé уште не се знае дали снимените разговори биле изнесувани надвор од обвинителството. За случајот веќе е отворена предистражна постапка што ја води ОЈО Скопје. Ќе се истражува и самата опрема, која била инсталирана во 2013-та, кога и беше вселена зградата.
Индикациите покажуваат дека Владата и МВР се вклучени во случајот со истрага и дека товарењето може да оди накај претходната власт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.