Запален автомобил на сопственик на медиум во Косово, се бараат сторителите

Во Лепосавиќ, ноќта меѓу саботата и неделата, бил запален автомобилот на Душан Милановиќ, сопственик на ВИМ инфо во косовскиот систем, кој е основач на косовскиот онлајн портал.

Како што јави Косово онлајн, случајот бил пријавен во „Косовската полиција“ која извршила истрага и се очекува надлежните институции да го расветлат мотивот, да ги идентификуваат сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата.

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион Ветон Ељшани во неделата потврди дека ноќта меѓу саботата и неделата изгорел автомобил во Лепосавиќ.

Полицијата потоа добила повик во три часот по полноќ и веднаш излегла на местото на настанот.

„Запален е еден автомобил, оштетен е моторот. Засега не ги знаеме причините. Истрагата е во тек“, изјави тогаш Елшани.

Пронајдете не на следниве мрежи: