Запален стан на поранешен висок полициски функционер

Инфомакс дознава дека во текот на минатата вечер се случил обид да се запали станот на поранешен висок полициски функционер и оперативец З.Т.

Според нашите информации изгорена е влезната врата, а целта била да се опожари домот на З.Т.

На лице место веднаш пристигнала противпожарна екипа која за среќа го угаснала пожарот, а во моментов се врши увид од страна на увидна екипа на МВР.

Инаку Зоран Трајковски во својата долгогодишна кариера има реализирано неколку илјади приведувања и апсења на високопрофилни и високоризични лица од македонското подземје.

Пронајдете не на следниве мрежи: