Заплената на 27 тони марихуана е од фабриката „Алфафарм“

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица за опојна дрога.

Од МВР најавуваат повеќе детали по завршувањето на активностите.

Синоќа имало полициска опсада на повеќе објекти во Струмица и Струмичко, како и во Скопје. Објавено е дека десетина комбиња и неколку камиони и полициски возила попладнево влегле во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција.

The post Заплената на 27 тони марихуана е од фабриката „Алфафарм“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: