Запленет глисерот на Зоран Милески познат како Кичеец

Доцна синоќа од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција бил запленет глисерот на второосомничениот во случајот “Рекет” – Зоки Кичеец. Заплената е во рамки на истрагата која Обвинителството ја отвори минатата недела против Боки 13 и Зоран Милески познат како Зоки Кичеец, кои се осомничени за рекет врз бизнисмени. Иако во јавноста се проширија информации за заплена и на други предмети како џипови, мотори и скутери на вода, од Обвинителството велат дека до овој момент запленет е само глисерот.
По налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до овој момент е запаленет глисер во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет”. Глисерот е запаленет синоќа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.