недела, 15 ноември 2026
Најново

Запознајте ги арапските газели, жените кои возат неверојатно скапи автомобили

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Оние кои тврдат дека жените не знаат да возат после оваа статија ќе го променат тоа размислување. Жените знаат да возат обични, но и суперавтомобили, луксузни и скапи, токму како и мажите.
Во светот постои група на жени на кои им здосадило да седат на местото совозач и бидат убави, додека мажите ги возат наоколу, сакајќи, наместо тоа да остават трага од своите гуми по патиштата.
Запознајте ги Арапските газели, жените кои ги освојуваат социјалните мрежи.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Околу 80 жени од 17 нации се дел од овој женски клуб за љубители на суперавтомобили. Овие дами веруваат дека суперавтомобилите не се наменети само за мажите, а нивниот клуб го основаше Мазузи Собати.

 

 Како што вели Собати, кога таа и само уште пет членки отишле да ги тестираат Ferrari California T од 200.000 долари, излегле со две порачки. Замислете ја среќата на продавачот!


Во град како Дубаи, овој клуб има совршена смисла. Жените во овој град кој е олицетворение на богатството, скапоцените автомобили ги купуваат на истиот начин како што работничката класа купува намирници за животот.

 

Поврзани вести